Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Колекција на Adidas x Gucci, која го комбинира најдоброто од двата бренда и зрачи со духот на спортски шик во 1970-тите…

Соработката помеѓу познатата италијанска куќа Gucci и познатиот германски бренд Adidas започна пред неколку месеци, а пристигнa и нова колекција која го спојува најдоброто од двата бренда и зрачи со духот на спортски шик во 70-тите…

На 7 јуни, италијанската луксузна модна куќа Gucci ја лансира линијата Adidas x Gucci, која следи по парчињата претставени на ревијата во февруари. За разлика од предметите претставени на пистата, новата колекција е инспирирана од винтиџ спортска облека носена за тенис или голф во седумдесеттите години и е украсена со впечатливи дезени кои го поврзуваат симболот на трифолија на Adidas со графиката на Gucci и динамична рапсодија на бои.

Креативниот директор на Gucci Алесандро Микеле си поигра со машките и женските линии со тоа што им влеваше ретро шмек и смели бои карактеристични за двата бренда.

Како дел од колекцијата, покрај култни парчиња како тренерки и спортски чанти, може да се најдат и тениски чевли на германскиот бренд во стилот ‘Gazelle’, како и мокасини Gucci украсени со трите риги карактеристични за Adidas парчиња.

Колекцијата изобилува со модни додатоци како лого чанта за голф, шарени чадори, свилени марами, ретро накит и капи. Adidas x Gucci се продава во луксузните продавници на Gucci и е-трговија, како и на апликацијата Adidas Confirmed.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement