Никол Шерцингер има моќ секоја облека да ја претвори во тренд.
Никол Шерцингер е позната по своето извајано тело и женствените облини кои сака да ги истакнува со облеката. Затоа, не треба да не чуди кога ќе се појави во тесен црн фустан кој и стои подобро од кој било друг.
Фаталната 44-годишна пејачка прошета низ Њујорк во тесен црн фустан до колена. Со оглед на тоа дека фустанот е украсен со циркони, Никол не претерала кога е накитот во прашање, па ставила мали обетки и прстени.
Пејачката носеше сиви металик потпетици, кои одлично се совпаѓаа со целата комбинација.

Долгата црна коса Никол ја подигна во високо опавче, а очите и усните ги истакна со нежна шминка.
