Една од најатрактивните жени на планетата повторно воодушеви со својот моден избор.
Пејачката Никол Шерцингер (44) е позната по своите стилови кои често се елегантни, смели, но и лежерни, а фустанот кој вчера го носеше е комбинација од сите три. Краток розов фустан украсен со цветен мотив беше се што беше потребно за убавата Никол да ја воодушеви.
Иако летото е при крај, пејачката не се откажува од стајлингот поврзан со оваа сезона. Покрај боите кои го красат овој фустан, еден детал го прави уште поинтересен.
Имено, фустанот е направен така што едното рамо е изложено, а другиот ракав ја покрива целата рака.

Со оглед на тоа дека фустанот има жолти и виолетови детали, Никол решила да донесе кадифени салонки во виолетова и чанта во жолта боја. Ниту шминката не ја остави на случајноста, туку стави розов кармин.Од модни додатоци Никол ставила прстени, висечки обетки и големи наочари.
