Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Никол Кидман: Посебен фустан со детали создаден за да привлече внимание

Во придружба на сопругот Кит Урбан, актерката Никол Кидман во понеделникот вечерта пристигна во добро расположение на премиера на историскиот филм The Northman, во кој глуми и таа.

Додека нејзиниот сопруг за оваа пригода избра класичен црн костум со вратоврска, оскаровката зачекори на црвениот тепих во креација создадена да привлече погледи.

Таа на премиерата пристигна во долг фустан во боја на лимета кој ја следи линијата на телото, украсен со светкави детали на долниот дел и розови пердуви на рамената. Станува збор за креација на модната куќа Prada, која актерката ја спои со накит Orlov.

Храбриот фустан го надополни со сребрена чанта и црни сандали на високи потпетици додека ја крена косата во елегантна пунџа со неколку лабави прамени.

Пред премиерата, актерката на Инстаграм изјави дека со нетрпение очекува повторно да се сретне со колегите актери и тимот што работеше на филмот за принцот Викинг кој го игра Александар Скарсгард. Тој во едно претходно интервју изјави дека нема подобра филмска партнерка од Никол Кидман.

Под објавата имаше комплименти за изгледот на актерката, како и за изборот на фустан.

„Каков одличен фустан“, „Ти си единственото човечко суштество на кое таа боја изгледа убаво“, „Спектакуларно“ и „Носиш најуникатна облека“ се само мал дел од пофалбите.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement