Актерката Дакота Џонсон, ќерка на познатите актери Дон Џонсон и Мелани Грифит, прошета по црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција во пресрет на премиерата на „Изгубената ќерка“ во проѕирен фустан на познатата италијанска модна куќа, а кој ја разгорува сечија имагинација.
Транспарентниот фустан, кој ја следи линијата на телото, е украсен со светки и долги реси и е потпишан од италијанската модна куќа Gucci.
Затоа, не е изненадувачки што еден од придружниците на прекрасната Дакота беше токму Алесандро Микеле, креативниот директор на Gucci.
Згодната бринета, која стана позната по улогата на Анастасија Стил во филмската серија „50 нијанси на сиво“ базирана на книги од британскиот автор ЕЛ Џејмс, пристигна во Венеција без Крис Мартин, фронтменот на Колдплеј, со кого беше во љубовна врска во последните четири години.
Двојката живее во Малибу, во вила вредна околу 13 милиони долари што ја купиле во ноември минатата година.
