Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Не сте виделе поженствени сандали: Ева Лонгорија во модел кој ги освојува сите времиња и одлично и стои на секоја жена…

Западен Холивуд овој пат уживаше во друштво на Ева Лонгорија, која беше таму со кубанската пејачка Глорија Естефан и нејзиното семејство.

Ева Лонгорија ужива во елегантни парчиња облека, па секое нејзино појавување е нов приказ на стил и комбинации кои некако можете да ги копирате.

Познатата актерка се појави во еден холивудски ресторан, а со својата едноставна и впечатлива комбинација ги засени сите присутни. Ева избра портокалово-црвен фустан со ребрести материјал од брендот The Range. Креацијата е со миди должина и има мал шлиц од страна, што ја прави елегантна и забележлива.Со оглед на тоа што убавата актерка обожава високи потпетици, и овој пат избра сандали со кои нема грешка.

Брендот Gianvito Rossi е секогаш хит, а овој пат Ева облече сандали со ПВЦ елементи во златна и беж боја.

Овој тип на обувки неверојатно го разубавува стапалото и ја издолжува ногата, па доколку ви недостасуваат идеи, побарајте нешто слично на некоја позната холивудска ѕвезда.

Својата опуштена и елегантна комбинација ја усогласи со алки, часовник и прстен, а косата ја навитка во меки бранови, што беше доволно да не остане незабележана.

Да потсетиме, покрај безвременските комбинации и стил кои често ни ги презентира, Ева Лонгорија и нејзината пријателка Глорија Естефан се залагаат за подигање на свеста за положбата на Латиноамериканците во Холивуд.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement