Нејзиниот избор беше црната боја, секогаш симбол на елеганција и свеченост, а она што придонесе за нејзината привлечност е тантелата со која беше покриена од глава до пети.
Концертот на славниот Елтон Џон во Лос Анџелес собра многу познати личности, меѓу кои беше и поранешниот топ модел, водителка, моден дизајнер, актерка и телевизиска продуцентка Хајди Клум. Рака под рака со сопругот музичар Том Каулика, убавата Германка покажа исклучителна фигура и многу провокативен аутфит.
Нејзиниот избор беше црна боја, секогаш симбол на елеганција и свеченост, а она што придонесе за нејзината привлечност е тантелата со која беше покриена од глава до пети.
Црниот комбинезон од тантела со јакна од истиот материјал беше доволно разоткриен за Хајди да ја покаже својата неверојатна фигура и уште еднаш да докаже дека времето за неа е релативна категорија.

Шминка во природни тонови и лежерно пуштена коса беа нејзиниот начин да се фокусира целосно на нејзината облека и на изгледот што и донесе светска слава како модел. Оваа мајка на четири деца дефинитивно има што да каже кога станува збор за виткоста.