Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

На празничниот собир на кралското семејство, Кејт Мидлтон блесна во фустан во боја на сафир…

Дали принцезата Кејт Мидлтон го прекрши протоколот?

Членовите на кралското семејство присуствуваа на велигденската богослужба во капелата Свети Ѓорѓи во замокот Виндзор. Речиси целото внимание го привлече принцезата Кејт Мидлтон.

Кејт донесе празнична елеганција со фустан во боја на сафир, кој максимално ја истакна нејзината виткост и префинетост.

За сончевиот, празничен ден, принцезата избра фустан од дизајнерката Кетрин Вокер, а нејзините локни ги надополни шеширот „Lock & Co“. Неутрална шминка, светло розе руменило и бронзена сенка за очи беа доволни за да се истакне природната убавина на Кејт Мидлтон.

Празничниот изглед на принцезата го комплетираше гламурозниот накит – обетки од сафир и бисер и иконскиот веренички прстен од дијамант и сафир, кој претходно и припаѓаше на принцезата Дијана.Сепак, еден детаљ го привлече вниманието на јавноста – црвениот маникир.

Според кралскиот бонтон, вештачките нокти или нокти со светли бои наводно не се соодветни за јавни настапи, пишува „Hellomagazine.com“. Ова беше особено изненадувачки бидејќи Кејт Мидлтон е позната по тоа што е исклучително строга со протоколот.

На принцезата Кејт и се придружија нејзиниот сопруг принцот Вилијам и нивните три деца, принцот Џорџ (9), принцезата Шарлот (7) и малиот принц Луис (4). Без исклучок, сите беа свечено облечени, како што доликува на празникот, а принцезата Шарлот посебно го следеше аутфитот на мајка си со бојата на нејзиниот фустан.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement