Студеното време е тука, зимата е зад аголот, време е да ги подготвиме најдобрите стајлинзи и да блеснеме каде и да се појавиме. Оваа есен и зима, светлите бои се во тренд, а на располагање ни се голем број стилови, па секоја дама ќе најде нешто по нејзин вкус.
Кога оваа година не беше најдобра, можеме барем да ја разубавиме со интересни комбинации на облека. Фустани, панталони, здолништа, палта, бунди, сето ова е многу актуелно во овој период.
Најдовме неколку интересни стилови, а вие „погледнете“ во галеријата и сигурно ќе најдете нешто што ви се допаѓа.












