Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Најскапите патики досега

Патиките што ја лансираа империјата Yeezy на Канjе Вест наскоро ќе бидат најскапите во светот…

Создадени како прототип на линијата Yeezy, овие патики штотуку се појавија на приватниот список на аукциската куќа Sotheby’s, со неверојатна проценета цена, поголема од милион долари. Создадени како дело на раперот и Марк Смит за брендот Nike, патиките веќе се прогласени за највредните што некогаш се појавиле во понудата на ценетата аукциска куќа и тие ќе можат да бидат на аукција од следниот понеделник.

Канје всушност премиерно ги претстави патиките на сцена за време на настапот на Греми наградите во 2008 година, кога ги изведе своите хитови како Hey Mama и Stronger, а потоа самиот однесе четири награди дома. Во следните години, Вест соработуваше со Nike на голем број модели Air Yeezy, пред да потпише договор вреден неколку милиони долари со Adidas. Сега глобален феномен, брендот Yeezy донесе приход од околу 1,7 милијарди долари минатата година, според Форбс.

Оригиналниот модел на Nike Air Yeezy означува критичен момент во дизајнот на патики, бидејќи се креирани за уметници, а не за спортисти, и токму тоа доби нова силуета. Исто така, со лансирањето на овој модел се создаде обожаваната линија на патики.

Моделот со големина од 12 (45), создаден во Nike „Innovation Kitchen“ во Орегон, доби мека црна кожа од горниот дел со перфорирани детали. Покрај тоа, патиките добија тонски Swoosh, како и Yeezy појас со Y медалјон. Исто така, тие доаѓаат во единствена дрвена кутија, дизајнирана од Смит.

Патем, овие патики се во сопственост на колекционерот Рајан Чанг, и ако сè оди според планот, тие ќе станат најскапите што некогаш ги понуди аукциската куќа Sotheby’s.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement