Моделот знае како да привлече внимание дури и во неколку слоеви облека.
Манекенката Емили Ратајковски, во придружба на сопругот Себастијан Беар-Меклард, излезе на прошетка со своето куче низ улиците на Њујорк. И не успеаја да останат незабележани.
.jpg)
Емили Ратајковски за прошетка избра разноврсна тренерка и удобен црн дуксер. Кога станува збор за обувки, таа се одлучи за обични бели патики. Но, главниот дел од изгледот беше светло-црвена преголема ватирана јакна што го криеше стомакот на бремената манекенка, како и капа што одговара на јакната на The North Face. Совршен зимски изглед кој ги обединува сите трендови на сезоната.
.jpg)
И сопругот на славната манекенка Себастијан Беар-Меклард носеше црна тренерка, надополнувајќи го изгледот со жолта јакна. Ја комбинираше јакната The North Face со соодветна капа и неонски патики.
Да потсетиме, Емили и Себастијан Меар-Меклард очекуваат раѓање на нивното прво дете.
