Оваа сезона имаме на располагање различни трендови, така што секој може да најде нешто по свој вкус. Оваа година, повеќе од кога било, модните дизајнери беа креативни и ни понудија неколку модни избори. Сè е актуелно, од женствени комбинации до малку понеформални.
Посебно се истакна еден тренд меѓу нив. Имено, тоа се ѕвонарките со поширок крој.

Овие панталони стануваат сè поактуелни, а изгледаат многу интересно доколку се комбинираат на вистински начин. Бидејќи се доволно широки, наш совет е да ги носите со тесни маички, кошули или блузи. Ако сте пониски, задолжително комбинирајте ги со високи потпетици.
Ќе изгледа многу елегантно и моќно во комбинација со јакна на која ќе и додадете појас.

Како што веќе споменавме, тие можат да бидат дел од елегантен, но и лежерен стил, во зависност од остатокот од гардеробата.
Модните експерти не советуваат да се носат овие панталони со широки џемпери или дуксери, бидејќи во тој случај фигурата ќе изгледа лошо.
Ниту Викторија Бекам не одолеа на овој тренд и таа е некој чиј стил треба да се имитира.

