Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Наскоро доаѓа нова колекција на Adidas x Gucci која го комбинира најдоброто од двата бренда и зрачи со духот на спортски шик во 1970-тите…

Соработката помеѓу познатата италијанска куќа Гучи и познатиот германски бренд Adidas започна пред неколку месеци, а наскоро ќе пристигне нова колекција која го спојува најдоброто од двата бренда и зрачи со духот на спортскиот шик од 1970-тите…

Италијанската луксузна модна куќа Gucci ќе ја лансира линијата Adidas x Gucci на 7 јуни, продолжувајќи ги парчињата претставени на ревијата во февруари. За разлика од предметите претставени на пистата, новата колекција е инспирирана од винтиџ спортска облека носена за тенис или голф во 1970-тите, и има впечатливи дезени кои го поврзуваат симболот на Adidas со три листови со графиката на Gucci и динамична рапсодија на бои.

Креативниот директор на Gucci, Алесандро Микеле, си поигра со машките и женските линии надополнувајќи ги со ретро шмек и смели бои карактеристични за двата бренда.

Колекцијата изобилува со модни додатоци како чанта за голф со лого, шарени чадори, свилени марами, ретро накит и капи. Adidas x Gucci ќе се продава во продавниците за луксуз и е-трговија Gucci, како и во апликацијата Adidas Confirmed.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement