Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Музичката ѕвезда Шакира е заштитно лице на новата празнична кампања на Burberry …

Шакира во кампањата претстави два стајлинга – еден вечерен,совршен за новогодишната ноќ и еден елегантно-деловен.

Музичката ѕвезда Шакира е заштитно лице на новата празнична кампања на Burberry и се појавува во краткото видео наречено „The Night Before“. За оваа неповторлива пригода Шакира блесна во неколку модни комбинации, од кои највпечатлива секако е оваа со проѕирен фустан со многу светкави монистри и букви принт.

„Искрено, јас сум многу возбудена.Првпат правам ваква модна кампања, а Burberry е толку иконичен бренд. За мене, Burberry е елеганција персонифицирана и безвременска. Модата постојано се менува и постојано се развива меѓутоа Burberry успева да еволуира со времето и секогаш да го задржи својот препознатлив, елегантен стил“, изјави Шакира за Vogue.

Шакира во кампањата ја истакнува препознатливата естетика на овој лондонски бренд – од една страна секси преку проѕирните тенки ткаенини, а од друга со класичен кабаница Burberry и кариран дезен.

“Толку ми се допадна блузата што ја носам што побарав да ја задржам. А вечерниот фустан, во најмала рака, беше вистинско уметничко дело”, изјавила пејачката.

Нејзиното деби во Burberry е совршен начин Шакира да ја заврши оваа прилично турбулентна година и да влезе во новата 2023 година.

„Наскоро излегува нов албум, кој едвај чекам да го споделам со фановите. Работев на него некое време и мислев дека инспирацијата ќе пресуши, но сепак сум среќна што се враќам во студиото.Се чувствувам толку подготвена за 2023 година и сето тоа се припрема“, изјави Шакира.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement