Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Монклер ја лансираше својата прва линија на мириси

Ви недостигаат патувањата за време на скијачката сезона и „апрес-ски“ стил на живот? Монклер ги претставува првите мириси кои директно се поврзуваат со снежна алпска авантура.

Два прекрасни EDP парфеми заедно со своите иновативни мали шишиња ве транспортираат директно во универзумот Монклер.

Синоним за планинското наследство на брендот, креациите ја рефлектираат синергијата помеѓу природата, истражувањето и откривањето и нудат вистинска експедиција за сетилата. Moncler Pour Homme, дрвна ароматична мешавина проткаена со ексклузивен акорд на алпско зелено, ја прикажува живописната убавина на планинската шума. Посипан со свежа жалфија, топло кедрово дрво и чаден ветивер, овој возбудлив мирис нуди сетилно бегство низ пространството на боровите Алпи со само неколку прскања.

Moncler Pour Femme е дизајниран да ја евоцира убавината на свежо паднатиот снег. Цветен дрвенести мошусен мирис, содржи ноти на италијански бергамот, ванила, арапски јасмин, хелиотроп, килибар, кедар и сандалово дрво.

Исто така, нема да сакате да ги пропуштите футуристичките шишиња кои содржат мириси. Сензорните аспекти на овој пар нови мириси се прошируваат и на ребрестиот дизајн на шишињата; брендот го нарекува „borraccia“ (италијански термин за шише) што е шармантен и утилитарен знак на Монклер од планинарско потекло и зашиената конструкција на неговите препознатливи јакни.

Шишињата од 150 ml доаѓаат и со уредни детали, LED екран на полнење со црвени букви што можете да ги приспособите со вашето име, специјална порака или што и да одберете преку апликацијата за паметен телефон.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement