Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Моника Белучи: сандали „облакодер“ кои ги разубавуваат нозете и ја издолжуваат фигурата

Моника Белучи го направи својот шопинг во Милано, а познатата актерка посети продавница специјализирана за предмети направени од стакло Мурано, која се наоѓа во Виа Монте Наполеоне, позната по многуте продавници.

Голем љубител на модниот минимализам, и овој пат се задржа на својот докажан стил на облекување облечена во црно од глава до пети. Таа носеше шопинг облека,црн капут со ремен околу половината до под коленото и панталони со развиорени широки ногавици.

Моника Белучи е голем љубител на чевли на платформа, а овој пат облече црни сандали со екстремно висока дрвена платформа. Ваквите „облакодери“ можеби не се најагилни за одење, но жените сакаат да ги носат затоа што им ги разубавуваат нозете и ја издолжуваат фигурата. Од модните додатоци за својот минималистички стајлинг, 57-годишната актерка избра поголема црна чанта со елегантен дизајн.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement