Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Можете ли да верувате дека оваа жена има 73 години? Познатата дизајнерка не престанува да шокира со својот младешки изглед!

Вера Ванг го украде шоуто на модните награди CFDA со својот младешки изглед и изданија.

Американската дизајнерка Вера Ванг е едно од најголемите имиња во модната индустрија, а најпозната е по своите венчаници за кои сонуваат многу невести.

Ја воодушевува и јавноста со својот неверојатно младешки изглед. Вера оваа година наполни 73 години, што никогаш нема да се каже за неа, а таа повторно успеа да ги шокира сите со својот изглед на CFDA Fashion Awards во Њујорк.

Дизајнерката на настанот се појави во мини фустан кој и ги откри рамениците, нозете и дел од стомакот, а го комбинираше со високи кожени чизми. Косата ја исплете во две плетенки и носеше очила за сонце, а во ова издание повеќе личеше на тинејџер отколку на жена во осмата деценија.

Не е познато дали Вера направила процедури за подмладување. Некои од тајните на нејзиниот младешки изглед кои ги сподели се смирувачки купки со бебешко масло, креми за лице со заштитен фактор, редовно вежбање, здрава исхрана и избегнување на таканаречената нездрава храна, а тврди и дека работата ја одржува млада.

Инаку, Вера на 23 години стана најмладата модна уредничка и стилистка на магазинот Vogue дотогаш, а на таа позиција остана 16 години, по што замина на позицијата главен дизајнер на модната куќа Ralph Lauren.Првата продавница на брендот со нејзиното име ја отвори во 1990 година на познатата авенија Медисон на Менхетен, а со своите луксузни венчаници воведе револуција во модната индустрија.

Таа денес под нејзиниот бренд произведува и облека за секој ден, чевли, модни додатоци, па дури и прибор за јадење, а ја објави и книгата „Вера Ванг на свадби“.

Прочитај

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Advertisement