Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

МОДНА ИНСПИРАЦИЈА-Како да се облечете за свадба? Миранда Кер го има одговорот…

Елеганција, но нималку строга и со ведрина совршена за свадба на отворено – сето ова и многу повеќе е прекрасна креација што австралиската убавица ја избра за свадбата на своите пријатели.

Прославената австралиска манекенка Миранда Кер (39) секогаш е облечена во склад со пригодата, а нејзиниот стил е полн со романтични ноти и женственост.

Таква е комбинацијата на облека што оваа популарна убавица и поранешен „Ангел на Викторија“ ја избра за венчавката на нејзините пријатели Лора Браун, почитувана уредничка на најпрестижните списанија и Брендон Борор Чапел.Австралиската двојка кажа „да“ на романтична церемонија на Хаваи, на која се собраа голем број познати личности. Меѓу нив беа актерката Наоми Вотс и нејзиниот избраник и актерот Били Крудап, актерот Боби Канавале, актерката Роуз Бирн, како и убавата Миранда со сопругот Еван Шпигел.

Австралиската манекенка за ова свадбено дружење во природа избра интересна верзија на коктел фустан. Станува збор за модел потпишан од филипинско-американската дизајнерка Моник Лулие, чија цена е речиси 4.000 долари.

Фустанот е во А-крој, ги открива рамената на Миранда и беспрекорно извајаните раце и струк, се прицврстува одзади и се карактеризира со вечниот тренд на секоја пролетна сезона – цветниот дизајн!

На бела позадина има многу ситни жолти и розови цветови, што ја прават оваа креација многу погодна за секојдневни прослави.

Миранда донесе и жолта чанта од модната куќа Louis Vuitton, наречена Twist PM, како и прекрасните влечкин Scolto од Manolo Blahnik , за кои издвои повеќе од 730 долари.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement