Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Модната носталгија на Дуа Липа

Пејачката донесе висока мода во скеч шоуто „Saturday Night Live“

За разлика од повеќето, Дуа Липа има добра година. Новиот албум „Future Nostalgia“ ја донесе до самиот врв на поп музиката и донесе бројни номинации, остварила успешна музичка соработка, а виртуелното музичко шоу Studio 2054 ги угостила sвездите како Мајли Сајрус, Кајли Миног, FKA twigs и оставри рекорден рејтинг. Како своевиден заклучок за успешна година, Дуа Липа настапи во саботата во долгогодишното шоу Saturday Night Live како музички гостин и со своите аутфити ја претвори сцената во мало модно шоу.

За да го објави шоуто, заедно со актерките Кристен Виг и Кејт Мекинон, таа носела фантастичен Mugler винтиџ фустан со кадифе од осумдесеттите години, а драматичниот look изглед е подвлечен со црна маска.

Првиот музички перформанс била изведбата во живо на хитот „Don’t Start Now“, а аутфитот што го нослеа предизвикува вистинска носталгија: леопардскиот корсет на Азедин Алаја е направен според оној од 90-тите години, славен од Наоми Кембел и Кристи Тарлингтон.

За песната „Levitating“ таа носела воздушеста и лелеава креација на Valentine’s Couture што го илустрира впечатокот на леснотија – бел фустан и голема капа со пердуви (не можеме а да не се сетиме на Линда Евангелиста на Mugler, облечена во спотот за „Too Funky“) – кој доминирале на сцената и малите екрани, а впечатокот за екстраваганција и гламур го комплетирала со накитот Faberge.

За стајлингот е одговорна стилистката Лоренцо Посоко, која стои зад нејзините многу импресивни комбинации и која многу придонесе да се претвори Дуа Липа од музички и моден newcomer во fashionistа, каква што е денес.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement