Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Модерни party пижами со перја за новогодишниот изглед? Зошто да не!

Со оглед на сите шокови и непријатни изненадувања што нè снајдоа оваа година, можеби е најдобро едноставно да спиеме до новогодишната ноќ во 2021 година. Да се ​​помириме со фактот дека 2020 година наскоро ќе помине и ајде спокојно да го поздравиме влезот во новата, се надеваме подобра година. Поради епидемиолошки мерки, нема да има забави, семејните собири се сведени на минимум, па дури и поканата на блиски пријатели дома се смета за ризично однесување. Што ни останува тогаш?

Да се облечеме во омилените пижами и да легнеме на каучот под ќебето. Но, дури и во таква мирна атмосфера можеме да си дозволиме малку луксуз и посебен допир. И тоа преку избор на party пижами.

Имено, ја пронајдовме украинската марка Sleeper, која беше лансирана во 2014 година од две пријатели Кејт Зубариева и Асија Варетс, а како што вели и самото име на брендот, нивната најголема инспирација е облеката за спиење. Тие ја претставија својата прва колекција за есента и зимата 2014 година, што веднаш го привлече вниманието на покојниот уредник на италијанскиот Вог, Франци Созани, кој веднаш го прогласи за бренд на месецот.

Облеката од овој бренд е неодолива комбинација на пижами, луксузни материјали и кроеви кои малку потсетуваат на костумите – па затоа не сме сигурни дали повеќе би сакале да ги носиме нивните креации на потпетици или во кревет. Костумите од сатен и свила за пижами доаѓаат во најразлични модели и нијанси на бои, а некои од нив се украсени со екстравагантни украси како пердуви на нозете и на ракавите.

Sleeper нуди облека за мажи, жени и деца – така што има нешто за сите да ја дочекаат Новата година. Колку е популарен овој бренд, докажува и фактот дека Инстаграм е полн со инфлуенсери и трендсетерки кои одлично ги носат овие забавни пижами.

Инаку, цените на пижамите се движат од 150 до 320 долари, а десетте најубави можете да ги најдете во нашата галерија со фотографии.

Image
Image
Image
Image
Image
Image
Image
Image
Image
Image

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement