Боди, некогаш популарни во 80-тите и 90-тите години, се враќаат на модната сцена оваа пролет и изгледаат сѐ попривлечно.
Боди маиците околу кои се кршат копјата затоа што или ги обожавате или ги мразите, по долго време отсуство, се враќаат на полиците на high street продавници.
Го носеше и Сара Џесика Паркер во серијата ‘Сексот и градот’, а со текот на времето популарноста се намали.


Но, со враќањето на модните комбинации инспирирани од стилот на 80-тите и 90-тите, бодијата стануваат сè попосакувани.
Тоа е стилизирана варијанта на долна облека што всушност може да се носи самостојно, а голем хит ќе бидат женствените варијанти кои потсетуваат на корсет во комбинација со на пр. широки фармерки со висок струк.

Хајпот околу боди, го поттикнаа и модни икони како Џиџи Хадид и Хејли Бибер, а сè беше дополнително зачинето со заводлива фотосесија во која Пријанка Чопра носеше црно боди од брендот Волфорд, што веднаш предизвика неверојатна фама.
Љубителите на бодито ќе ја пофалат неговата разноврсност затоа што во текот на постудените месеци можат да го носат како подкошула, додека во лето можат да се носат независно со пр. фармерки или здолништа.
Практични се и како основно парче за слоевита облека, па изгледаат кул под јакни, кошули, кардигани …
Значи, ако вообичаено сакате да ги носите, сигурно ќе најдете некои по ваш вкус и во онлајн понудата на многу продавници.
