Познатата манекенка Џиџи Хадид ни го покажа ултимативниот „street style“ изглед спојувајќи две класични парчиња: широки, удобни фармерки и култни патики.
Џиџи својот изглед го комплетирала со кроп бела кошула, елегантни очила за сонце со златна рамка, златно ланче и чанта која секојдневно ја носи во последно време.Станува збор за мини чанта со горна рачка од луксузниот бренд Loro Piana, со која на минималистичкиот аутфит дава волшебен допир на гламур.
Џиџи Хадид често покажува наклонетост кон култните „стартки“, исто како и многу други модни дами.
Манекенките, модните инфлуенсери и дамите ги обожаваат да ги носат затоа што се лесни за комбинирање – одат со речиси секое парче облека, од фустани и здолништа, до тренерки, до шорцеви и панталони.
Во галеријата подолу погледнете како славните дами ги носат овие познати патики:






