Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Модели на слип фустани кои никогаш нема да излезат од мода…

Пролетта е за сите смели и живописни комбинации, а како да ги креирате зависи од вашата гардероба. Покрај секојдневните комбинации кои треба секојдневно да се склопуваат, потребно е да се инвестира и во некои погламурозни парчиња за свечените настани кои следат. Потоплите денови ни носат насмевка на лицето, но и желба за создавање имагинативни комбинации. Потребно е да се инвестира во парчиња кои лесно ќе го надополнат останатиот дел од гардеробата.

Веќе пишувавме за пролетните трендови, а оваа сезона се носат кабаници, тексас, кожени јакни и впечатливи бои. Стандардно парче кое ќе биде основа на вашите гламурозни вечерни и дневни тоалети е слип фустанот.

Слип фустани – пролетно и лето ‘it’ парче
Слип фустаните се карактеризираат по тоа што течно ја следат линијата на телото и како такви можете да ги комбинирате со се. Тие се главниот избор за свечените настани на кои сакате целосно да блеснете, а можете да ги надополните со детали во вид на накит, мини чанти и салонки.

Меѓутоа, доколку сакате да создадете дневен изглед, тогаш ви предлагаме бела маичка над која ќе облечете слип фустан, а последниот детаљ се патики и блејзер. Кога зборуваме за деловни комбинации, тогаш овие фустани можете да ги комбинирате со долго палто и чизми до колена и на тој начин да создадете кул деловна комбинација.

Модел на фустан кој е секогаш во мода е идеален спој во новите пролетни комбинации. Оваа пролет носиме бои и дезени и во оваа смисла предлагаме слип фустан во боја кој ќе ги освежи пролетните комбинации. Од друга страна, доколку сте љубители на минимализмот, тогаш ви предлагаме слип фустан во неутрална нијанса или црна, што е класика со која не можете да погрешите. Што и да одберете, сигурни сме дека одлично ќе го искомбинирате.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement