Џиџи Хадид нè инспирира со нејзиниот стил на новопечена мајка, со ноншалантни, но рафинирани „statement“ парчиња облека на дневна основа. Во најновото издание, Џиџи се прошета со својата ќерка во бебешка количка, покажувајќи како да се носи ‘it’ парчето облека на сезоната – предимензиониран мантил за дожд. Жолтиот бренд Moncler и сината Lesyanebo која ја носела на едноставни црни панталони, Dr. Martens чизми и очила за сонце.
Нејзината колешка Емили Ратајковски прошетала со бебето во количка и гледајќи како изгледа по само две недели од породувањето, оттука се запрашав дали ни е потребен тој притисок на недостижно совршенство сега. Сепак, не можеме да обвинуваме никого за она што изгледа кул, но наоѓаме инспирација во тоа. Црн топ, фармерки, блејзер и бели патики беа униформата за првото излегување на Емили, а класичниот изглед го направи повеќе откачен со црвени чорапи.
На својот Инстаграм профил, EmRata сподели интимни моменти од раѓањето на нејзиниот син во колаж што прикажува моменти на агонија и среќа на тој најважен настан во животот со едноставен, но моќен опис: „Помеѓу пораѓај/првите моменти со Слај. Живот!“ Откако искажа некои свои мисли и стравови за мајчинството за време на бременоста, се чини дека апсолутно ужива во својата нова улога.




