Актерката Меган Фокс деновиве е прилично зафатена. Нејзиниот нов филм „Midnight in the Switchgrass“ излегува на 23 јули, а во тој криминален трилер во режија на Рендал Емет заедно со Брус Вилис, глуми и нејзиниот партнер Машин Ган Кели.
Меган, исто така го завршила и снимањето на филмот „Big Gold Brick“, чија премиера се очекува во 2022 година и работи на научно-фантастичниот филм „Aurora“ во режија на Лазар Бодроза, во кој таа игра астронаут во вселенска мисија.
Познатата убавица гостувала во ток-шоуто „Jimmy Kimmel Live“, во кое го претстави најновиот филм, но зборувала и за модата. Таа признала дека често ги усогласува комбинациите на облека со своето момче и дека мора да работи на нејзиниот стил поради него и неговата луда облека.
Не можам само да облечам тренерка со него, се пошегува таа. Меган дојде на ревијата во многу сензуален темносино-сив фустан кој го комбинирала со светло сиви сандали.
За жените кои претпочитаат стабилни и цврсти сандали, овој модел врзан со вртоглава петта изгледа прилично лабав. Со добра причина затоа што прстите и петицата се поткрепени со многу тенок ремен, па дури и врзувањето околу глуждот всушност не може да спречи извртување на ногата.
Меган е многу добра во вакви модели, па затоа не и создадоа никаков проблем, но повеќето жени не би ги носеле.


