Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Меган Маркл е дефиниција за елеганција! Таа комбинираше капут без рок на траење со тренди мокасини кои ќе бидат голем хит оваа пролет

По повод Меѓународниот ден на жената, војвотката Меган Маркл ги испочитува со ручек сите вработени од својот тим Archewell , а фоторепортерите ја фотографираа како излегува од ресторанот Gracias Madre на авенијата Мелроуз во Западен Холивуд. Како вечен вљубеник во врвната елеганција, поранешната ѕвезда на серијата ‘Suits’ се појави во префинета комбинација во знакот на модниот минимализам. Сопругата на британскиот принц Хари облече лежерни панталони, кои ги спои со плетен џемпер и софистициран капут без рок на траење. Во знак на најголемите пролетни трендови таа го освежи монохроматскиот изглед со префинети мокасини кои многу љубители на модата би ги посакале во својата колекција…

Сопругата на принцот Хари беше забележана на улиците на Западен Холивуд во средата, што го одбележа нејзиното прво излегување откако беше објавена веста дека Бакингемската палата конечно ја ажурираше својата веб-страница за да ги препознае кралските титули на нивните деца.

Убавата 41-годишна Американка привлече внимание во уште еден генијален стајлинг кој го слави духот на модниот минимализам и комбинира некои од најголемите сезонски трендови.

Со оглед на променливите температури кои бараат слоевитост, војвотката состави минималистички изглед составен од неколку женствени парчиња од популарните брендови.

Основата на нејзиниот стајлинг се состоеше од црни панталони и ребрести џемпер, кој дополнително го нагласи со долг црн кашмирски капут со ремен за врзување на половината. Споменатите парчиња доаѓаат со потписот на популарниот италијански бренд Max Mara, како и нивната спортска линија Sportmax.

Префинето дневно издание поранешната актерка го заокружи со шик додатоци со трендовски навестување. Таа во раката носеше исказна црно-бела чанта со потпис на познатата француска куќа Chanel,чија вредност се движи вртоглави 6.000 евра.

За да ја прекине доминацијата на црното, Меган посегна по мокасини на Valentino’s Rockstud, а се предвидува дека слични модели ќе бидат неверојатно популарни во наредните месеци.

Атрактивната Американка го носеше култниот часовник Tank de Cartier, кој и припаѓаше на трагично починатата принцеза Дијана, а кој го наследи принцот Хари по нејзината смрт и златна нараквица со потпис на истоимениот бренд.

Лицето го покри со големи очила за сонце, исто така на Valentino.

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement