Војвотката од Сасекс Меган Маркл присуствуваше на доделувањето на наградите Women of Vision во Њујорк, нејзино прво официјално појавување по крунисувањето на кралот Чарлс, кое го пропушти.
Поранешната актерка дојде на церемонијата во друштво на сопругот принцот Хари и мајката Дорија Рагланд, а во согласност со името на наградата, и самата изгледаше како визија – овој пат во мода.

Меган Маркл избра целосно златен стајлинг, а навистина остави силен впечаток кога се појави во миди фустан со потписот на Јохана Ортиз.Станува збор за модел кој се продава за 1.850 долари, а тоа е парче без прерамки, текстура со мило деколте, кое има пристоен шлиц под бистата и шлиц напред.Покрај тоа, таа избрала златна плик ташна Insignia од модната куќа Carolina Herrera, за која потрошила 1.100 долари, како и едноставни сандали на Tom Ford од 1.350 долари.

Војвотката целиот стајлинг го заврши со подеднакво луксузен накит, од кои само една нараквица – Cartier Love Bracelet – чини дури 7.350 долари, а имаше и дијамантска нараквица на покојната принцеза Дијана, обетки од куќата на J.Crew…
Цената заедно на целата комбинација чини 11.650 долари, а Меган избрала едноставна вечерна шминка, додека ја разделила косата и ја пуштила преку едното рамо.
