Носењето заштитна маска, која стана задолжителна поради глобалната пандемија на вирусот Ковид-19, полека, но сигурно доби поинаква форма.
Имено, сите знаеме колку првично ја мразевме самата помисла да треба да ставиме парче ткаенина над устата и носот, што наводно ќе не заштити, но ќе го намали квалитетот на дишењето, ќе нè поти повеќе и ја иритираме кожата.
Сепак, заштитната маска за лице со текот на времето стана неизбежен моден детал и кога на сите им стана јасно дека ќе мора да ја носиме, почнавме да ја гледаме поинаку.
Маската на лицето стана главен моден додаток и еве како славните ја стилизираат и ја вклопуваат во нивните аутфити.
