Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Луксузни патики направени од пченка!?

На почетокот на оваа година, Гучи го подобри луксузниот пазар со своите еколошки свесни практики со создавање на сосема нов, револуционерен материјал наречен Деметра, што комбинира квалитет, мекост, издржливост и приспособливост без да ѝ наштети на нашата планета.

Нивните стапки сега ги следи Луј Витон, со нивните први еко-дизајнирани патики направени, ни помалку ни повеќе, од пченка. Со нивните нови „Charlie“ патики, тие ни го претставија материјалот наречен Biopolioli, пластика на база на пченка која се користи за создавање на овој основен, но впечатлив унисекс дизајн. Тоа не е се – табаните на овој модел се состојат од 94% рециклирана гума, додека врвките за чевли се исто така создадени од рециклирани влакна.

Францускиот луксузен бренд многу сериозно ја сфати својата улога во зачувувањето на природната средина. Кутијата во која доаѓаат овие патики е исто така создадена од целосно рециклиран картон и станува торба со рачка. Очигледно, при создавањето на овие еко-патики, Луј Витон дал се од себе. Чарли патиките се произведуваат во работилницата на Луј Витон во Фиесо д’Артико, Италија. Се нудат само во една боја, додека црните и сивите акценти ги красат двете верзии – плитки и длабоки.

Неколку други луксузни брендови се впуштија во транзиција кон одржливо производство. Хуго Бос освои многу поени создавајќи го својот прв костум без производи од животинско потекло. Стела Макартни и Адидас соработуваа на веганската верзија на Стен Смит во 2019 година. Конечно, можеме да кажеме дека новите патики на Луј Витон може да се купат за 1.080 долари во плитка верзија или 1.130 долари во длабоката верзија, а веќе се достапни во нивните бутици ширум светот.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement