Старите добри осумдесетти. Со нив нема златна средина, или ги сакате или мразите, особено кога станува збор за модата. Шарени, откачени, луди, без никакви правила. За оние кои ги сакаат, 80-тите се златно доба на модата бидејќи комбинациите на облеката беа неописливо креативни.
Од друга страна, оние на кои не им се допаѓа оваа модна ера, негодуваат за нејзиното претерување во сè, од количина на светки до големината на „рамо“ влошките.
Џоан Колинс, една од незаборавните стилски икони од 80-тите, не се согласува со мислењето за рамо влошките. Ласкаво е да имате привид на поголеми рамења. Ова ги прави вашите колкови да изгледаат помали, а половината потесна, прокоментира Џоан, која го освои светот со улогата на Алексис Карингтон.
Нејзиниот лик промени безброј фантастични комбинации на облека во серијата „Династија“ и ги воодушеви љубителите на модата со гламур кој и денес е тешко да се надмине.
Друга модна икона од 80-тите години е Мадона. Таа статус го запечати на MTV VMA наградите во 1984 година. Пејачката пристигна на доделувањето на наградата во бела венчаница опкружена со култниот појас „Boy Toy“ и накит со крстови, а во таа комбинација го отпеа и нејзиниот хит „Like A Virgin“. Токму овој скандалозен перформанс ја претвори во суперѕвезда во тоа време.
„Прашање на време беше кога Мадона ќе се пробие. Видов колку е амбициозна на еден автентичен начин. Таа венчаница помогна во тоа. Тој ден на доделувањето на наградите, добро знаев дека ќе успее. Секој присутен новинар трчаше наоколу и се прашуваше која е таа пејачка која ползеше по бината во бел фустан со крстови во ушите, наречена Мадона и пееше за невиноста. Сите беа шокирани, рече нејзиниот тогашен стилист Марипол, кој ја осмисли легендарната комбинација за наградата“, открива близок пријател на Мадона.
На самиот почеток на осумдесеттите, добивме стилска икона од кралските кругови. Секако, тоа беше принцезата Дијана.
Од моментот кога е објавено дека се вери со принцот Чарлс, Дијана го започна својот живот под лупата на јавноста која разговараше за сè што е поврзано со плашливата и нежна девојка, вклучувајќи ја и нејзината облека. По нејзиниот брак со Чарлс на 29 јули 1981 година, тој интерес растел само од година во година. Комбинациите на облеката на Дијана беа копирани, а модните парчињата облека што ги носела, се распродале во еден момент.
Проверете повеќе стилски икони од најконтроверзната (и забавна) модна ера во галеријата.

















