Пред да одлучи каква ќе биде неговата иднина во фудбалот, Лионел Меси стана протагонист на новата кампања на Louis Vuitton.
Во деновите пред Светското првенство во Катар, двајца од најдобрите играчи во светот, Лионел Меси и Кристијано Роналдо ги разнесоа социјалните мрежи појавувајќи се заедно во рекламна кампања на Louis Vuitton.
Малку подоцна, актуелниот светски шампион и најдобар играч според ФИФА, повторно соработува со француската модна куќа, но овој пат без друштвото на својот португалски колега.
Откако го достигна рекордот за најлајкувана фотографија во историјата на Инстаграм, Лионел Меси се врати сам во својата нова кампања „Horizons Never End“.
И во кратки филмови и во слики објавени на веб-страницата на брендот и на социјалните мрежи, капитенот на аргентинскиот тим изгледа елегантно на аеродромот, како да се подготвува за патување. Седи во чекалната, со неколку куфери и топка покриена со монограмот LV.
Хоризонт значи гледање во иднината, предавање на имагинацијата и летање, размислување за тоа што може да дојде, што може да се случи, замислувам по малку од се“, изјави Лионел Меси по повод снимањето на рекламната кампања.
Конечно, Лионел Меси остави порака која предизвика збунетост кај навивачите поради неизвесноста каде ќе игра следната сезона: „Не знам што ќе биде следно, каква ќе биде мојата иднина. Сакам да фантазирам, да размислувам за работи кои би можеле да се случат, но навистина не знам каква ќе биде мојата иднина. Тоа ќе биде она што мора да биде, она што го сака Бог“.
