Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Лили Роуз Деп го воодушеви Азурниот брег со ретро облека на Chanel: Ќерката на Џони Деп го засени дури и изгледот на нејзиниот татко во Кан…

Сè додека Лил Роуз Деп не се појави во Кан, сите зборуваа за нејзиниот татко – Џони Деп.Познатиот холивудски актер Џони Деп беше првата ѕвезда на Канскиот фестивал. Првиот филм го сними по напорното судење со Амбер Херд, а притоа за прв пат се појави пред толпата новинари и одговараше на прашања поврзани со периодот во кој траеше судењето.

Поради ова, тој доби големо медиумско внимание, но сето тоа малку падна во сенка кога неговата ќерка – Лили Роуз зачекори на црвениот тепих во Кан.

Лили, актерка и модел, моментално е ѕвезда на хит серијата “Идол”, таа ги воодушеви сите со ретро издание на Chanel.

Ова е нејзино враќање на Азурниот брег на познатиот фестивал после шест годишна пауза од 2017 година, а со овој аутфит во еден здив ја надомести оваа пауза.Овој фустан еднаш го носеше Хелен Кристенсен, позната данска манекенка. Странските медиуми опишуваат дека Лили изгледала како директно да излезе од модната писта од деведесетите, од ерата на славниот Карл Лагерфелд.

Останува нејасно дали овој фустан е извлечен од архивата или макотрпно реконструиран специјално за младата ѕвезда. Мини фустанот со везени светки нема прерамки, има цвет во централниот дел и е така исечен што до израз доаѓа обликот на телото на младата актерка.

Лили го стилизираше својот изглед со елегантни проѕирни оперски ракавици и соодветни црни чорапи, на многу сличен начин како парчето беше стилизирано на пистата кога беше првично претставено.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement