За љубителите на цртаните филмови!
Луксузната марка на својот Инстаграм објави партнерство со јапонското студио за анимација Гибли, создадено од Хајао Мијазаки. Токму во ова студио се родени анимираните ремек-дела „Маѓепсаниот град“ (2001) и „Мојот сосед Тоторо“ (1988).
Филмот зборува за шумски духови кои се среќаваат со деца кои живеат во близина на шумата. Самиот Тоторо е чувар на шумите. Во исто време, духовите се видливи само за децата, возрасните не ги гледаат.
.jpg)
Фановите на брендот Loewe ќе најдат кожни чанти, маици, дуксери, чевли и додатоци со отпечатоци од карактери и пејзажи на филмовите.
Комплетната колекција My Neighbor Totoro x LOEWE ќе излезе на 8 јануари 2021 година. Може да се претплатите на капсулната колекција на официјалната веб-страница на брендот.
