Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

ЛЕЈДИ ГАГА ВНЕСУВА СВЕЖИНА ВО СВОЈОТ КОЗМЕТИЧКИ БРЕНД: ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ НОВИТЕ “ЧИСТИ”HAUS LABS…

Како што нејзиниот музички и шминкерски израз се менуваше со текот на годините, насоката на нејзината козметичка линија мораше да се промени.

Лејди Гага не е само музичар, таа е и успешна актерка и основач на козметичкиот бренд Haus Labs, кој го лансираше во 2019 година. Брендот и неговите производи одлично ја прикажуваат нејзината креативна и ексцентрична природа. Како што луѓето природно се менуваат и надградуваат, еволуираат, растат, така се зголемува и нивниот вкус.

Во последните две и пол години, Гага сфати две работи: повеќето потрошувачи не ја носат шминката што ја носи на сцената, на црвениот тепих или на модните снимања и дека нејзината рутина на шминкање е многу променета. Имајќи го тоа на ум, правецот на Haus Labs исто така се промени.

“Сите производи се импрегнирани со состојки за нега на кожа, од кои некои се во сопственост на нашата лабораторија. Исто така, отстранивме 2.600 штетни состојки од нашите формулации. Така добивате производи со високи перформанси и високо пигментирани”, објасни Гага за Elle.

Нејзината колекција сега вклучува масло за усни, мат молив за усни, бронзер, хајлајтер и повеќенаменски пигмент во светли бои, исто како оние што се користат во уметничките училишта.

„Од самиот почеток сакав оваа компанија да ги поттикне луѓето, да ги отклучи уметниците во нив“, вели Гага, мислејќи на лансирањето на брендот во есента 2019 година. Во тоа време, таа црпеше инспирација од козметиката во аптеките и нејзината сопствена шминка.

Но, сега таа повеќе се насочила кон козметика која добро изгледа на кожата, но и ја негува. Како што открила, сакала да се занимава со „чиста“ уметничка шминка. Многумина од нас ја поврзуваат „чистата“ шминка со изглед без шминка, но тоа не е она што го сака Гага.

Најновата колекција на Haus Labs ја разби таа дамка- сега можете да креирате моќни мејкап изгледи инспирирани од популарните серии Euphoria и Stranger Things додека користите производи кои се дел од светот на чистата убавина.

Новата, подобрена козметика на Haus Labs е достапна на официјалната веб-страница на брендот и веб-продавниците на Sephora.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement