Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

летни модни додатоци кои ќе го направат вашиот стајлинг спектакуларен

Летни модни додатоци кои не треба да изостануваат во вашата колекција.

Летните денови се пред нас, а тоа ни овозможува да внесуваме се повеќе светли и летни елементи во нашите колекции. Додатоците се клучна компонента на успешен стил и неопходни за ажурирање на нашиот стил. Летната сезона ни дава избор помеѓу бројни дизајни, од најосновните до најексцентричните, во зависност од нашиот личен стил.

Доколку сакате да додадете интензитет и динамика на вашиот целодневен изглед, сè што треба да направите е да продолжите да читате и да се запознаете со најмодерните модни додатоци ова лето, кои не треба да изостануваат од вашата колекција.

Марами

Веќе минатото лето ја сфативме важноста што ја имаат марамите при креирање модерен стил. Марамите сега се додаток од кој љубителите на модата тешко можат да се разделат. Можете да ја користите на неколку различни начини. Ако се сеќавате, едно од најголемите трендови минатото лето беше „top“ стилот направен од марама. Не двоумете се да изберете марами во светли бои со ексцентрични примери. Сега имате можност да ги носите како маски за лице, а еден добар пример е Оливија Палермо.

Bucket hats

За ова лето, Bucket капите, за сите нас добро познати, повторно ги освојуваат најпознатите трендсетерки. Еден од најпопуларните дизајни на уличен стил, ќе ви пружи естетиката од 90-тите, а исто така тие се погодни и за градската облека и за вашиот изглед на плажа.

Scrunchies

Шарените ленти за коса можат да му дадат малку боја на нашиот летен стајлинг, без разлика дали ги носиме на коса или како нараквица. Бидејќи температурата секојдневно ќе продолжи да се зголемува, косата во реп ќе стане една од најчестите фризури што ќе ги усвоиме. Ова значи дека „scrunchies“ ќе станат основен додаток на вашиот летен изглед. Сè што треба да направите е да ја пронајдете правата лента која вас ќе ви одговара што дополнително ќе ве разубави.

Очила за сонце

Можеби најдобриот додаток во најжешките месеци од годината. Очилата за сонце, покрај посебниот стил, нудат заштита и во сончевите денови. Можете да изберете и накит, како што се ланчиња со поголем интензитет.

Chunky сандали

Покрај модерната естетика, чевлите треба да ни пружат удобност. Токму овие два основни елементи комбинираат рамни Chunky сандали, кои ќе доминираат во нашата колекција чевли и ова лето. Можете да ги носите „од смарак до зори“, целосно од панталони до фустани и здолништа. Нивната црна верзија е најфлексибилна и најпрактична, но ако сакате да експериментирате, можете да преминете на поинтензивни нијанси.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement