Меган е совршена комбинација на холивудска лежерност и кралска елеганција.
Едно од најпопуларните имиња на 21 век, жената која преку ноќ го замени филмското платно со кралска титула, Меган Маркл не престанува да биде секојдневна тема на медиумите. Има многу причини за тоа, но една од позитивните константи е нејзиниот беспрекорен стил.
Војвотката неодамна беше фотографирана со нејзиниот сопруг Хари, со забележлива широка насмевка, а нејзината модна смисла за тој ден беше комбинација од лежерно и софистицирано.

Меган носеше класична бела кошула, совршена за летните денови, која ја спои со темно кафено здолниште.
Дополни со кафеав каиш, црни очила и кремаст шешир со кафеави детали.

Иако правилото при изборот на гардероба е да не се мешаат повеќе од три бои, Меган успеа брилијантно да комбинира различни нијанси на кафена со бела и црна боја. А тоа, се чини, се нејзините омилени бои.
