Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Латекс – од фетиш до мејнстрим

Латекс, гумен материјал кој има многу намени, до неодамна главно се користеше во производството на ракавици или кондоми, а првата асоцијација за споменување на латекс беа фетишистички облеки како што се боди и наметки, но неодамна овој материјал се пробива до црвените теписи и фази.

Меѓу првите дизајнери кои користеле латекс во своите колекции биле Gianni Versace и Thierry Mugler во средината на 90-тите години на минатиот век, Alexander McQueen кон крајот на 1999 година и од 2015 година до денес Dior, Gareth Pugh, Balenciaga, Richard Quinn, Givenchy и Saint Laurent.

Креациите од латекс се носеа на црвени теписи, настапи, приватни собири и Мет Гали sвезди како Lady Gage, Beyonce, Rihanne, и кланот Kardashian-Jenner. Најновите дизајни се костумите за новата серија на Ridley Scott, Raised by wolves, дистописки серијал со елементи на научна фантастика, поставен во иднина, во кој протагонистите андроиди Мајка и Татко носат костуми со цело тело изработени од латекс.

Додека актерите и поп-sвездите можат да создадат впечаток дека латексот е како друга кожа, самиот чин на облекување во никој случај не е едноставен. Поради триењето што материјалот го предизвикува во контакт со кожата, потребно е прво да користите пудра во прав со талк (запомнете го Рос во Пријатели и кожни панталони) или дури да бидете обложени целосно со лубрикант. Самиот материјал не е многу добра топлинска изолација, така што во зима треба да се комбинира со палта, а во исто време може да предизвика потење.

Доколку сепак се решите да го испробате овој моден тренд, бидете подготвени за потенцијално комплицирана облека (и имате асистенти при рака, за секој случај), но и за љубопитните погледи на сите набудувачи, бидејќи латексот секако остава силен впечаток.

Прочитај

Green Tea

Има повеќе витамин Ц од лимонот. Кивито е богато со витамин Ц, влакна и други хранливи материи, па затоа е вистинска витаминска бомба. Помага...

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Advertisement