Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

КEЈТ МОС Е НОВОТО ЛИЦЕ НА КАМПАЊАТА НА ZARA: Додека критичарите остро ја осудуваат поддршката на брендот за брза мода, брендот бележи рекордна продажба…

Кејт Мос е новото заштитно лице на брендот Zara, а иако е критикувана дека го поддржува брендот за висока мода, кампањата стана вирална за само 3 дена.

Што добивате кога ќе ги споите иконата Кејт Мос и најпопуларниот бренд за улична мода Zara? Капсулна колекција за забави која ќе ги направи летните забави погламурозни од кога било досега.

Едиторијалот го сними британски моден фотограф под креативната палка на главниот уредник на францускиот Vogue, чија естетика е повеќе од очигледна: минимализмот и црно-белите фотографии со ликот на нашиот омилен супермодел во преден план.

Колекцијата е инспирирана од ноќните излегувања во Париз, а воедно е и љубовно писмо до црвените теписи, важни настани и сите оние креации кои се реплицираат со децении.

Значи, на кои парчиња треба да обрнете посебно внимание? Црниот горен дел е безвременски и ќе изгледа подеднакво добро со панталоните од оваа колекција како и со опуштените фармерки. Задолжителен е и црн фустан – облечете го со потпетици или фрлете го преку бела маичка во стилот на 90-тите.

Марта Ортега продолжува да го подига имиџот на брендот и позиционирањето на водечкиот малопродажен ланец на Inditek. Да потсетиме, ќерката на Амансио Ортега и претседател на шпанската компанија Inditex од минатата пролет има за цел да го позиционира овој малопродажен синџир како еден од водечките светски премиум брендови, дистанцирајќи се од пристапната брза мода што го изгради нивниот глобален успех.

Во секој случај, едно е сигурно – оваа колекција брзо ќе се распродаде. Затоа, побрзајте и набавете ги вашите омилени.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement