Конечно се отворија терасите на кафулињата и рестораните, конечно можеме да седнеме и да уживаме во кафе, чај или сок, тој мал ритуал што многу ни значи. Доаѓаат потопли и посончеви денови, така што седењето на терасите ќе биде поудобно и поубаво, а треба да изберете комбинација на облека што ќе ги направи тие моменти уште попосебни.
Иако во последниве месеци, тренерките беа најчестата облека за многумина и едвај чекавме да ја соблечеме, да се средиме за кафе на некоја летна тераса, на пример, да облечеме нов фустан, но, сепак тренерките ни се драги и не сакаме целосно да ги елиминираме.
Бидејќи со вистинските обувки и модни додатоци, обична тренерка може многу добро да се „подигне“, а со неа да се комбинира стајлинг што може да им конкурира на фустани и потпетици. Некои модели на тренерки може да се носат со високи потпетици, бидејќи модата денес е многу разноврсна и неограничена и слободно комбинирајте. Пронајдете во што се чувствувате најдобро, а можеби е само тренерка во некоја пролеттна, пастелна боја со сандали со високи потпетици.




















