Нов начин да го носите омилениот минималистички стил.
Еден од најпознатите дизајни на Даниел Ли за брендот Bottega Veneta, The Chain Pouch, претворена во ремен-чанта, како дел од најновата понуда на женска гардероба од познатата модна куќа.
Слично како и неговите претходници, Belt Chain Pouch е изработен од нежна кожа од напа, со елегантно и пригодно магнетно затворање. Чантата е засилена со гломазен ремен во форма на ланец, кој е прилагодлив и доаѓа во комплет со карабин за закачување. На крајот, нејзината внатрешност е изработена од кожа, додека самата чанта е достапна во шест различни бои – Almond, Chalk, Black, Chili, Racing Green и Grape. Благодарение на неговите специфични димензии, можете да ја носите околу половината, преку рамената или во рака.
Сигурни сме дека многу скоро ќе го достигнат култниот статус на своите предци, а дотогаш можете да набавите една за себе по цена од 2.160 долари.
