Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Креативност или целосен неуспех: Бруклинското студио создава чевли од „биркин“ чантите на Hermes

Ако Jesus Shoes чевлите од бруклинскиот бренд MSCHF ве оставија без зборови, веруваме дека нивните најнови сандали „Birkenstock“ ќе ве расплачат…

Со цени што се движат помеѓу 34.000 и 76.000 американски долари, овие сандали може да се прогласат за едни од најскапите во целиот свет, а настанати се со уништување на чантите на Hermes Birkin во вредност од 122.500 американски долари. Сандалите, иако се убави, ќе ве расплачат поради нивната цена, но и поради фактот што гумениот плутен ѓон на моделот Birkenstock е поврзан со кожен горен дел од совршено дизајнирани и намерно исечени беспрекорни Hermes Birkin чанти.

Исто така, мора да знаете дека нивната цена не ја вклучува вредноста на ѓонот, копчето и самиот процес на производство. Папучите изработени од уништените Hermes чанти доаѓаат во црвена, бела и бургундска боја, а цената на секој дизајн варира од користениот модел – поточно руиниран – до нивното производство.

Брендот продолжува со својата злоба со копирање на иконичниот портокалов знак или пакување на Hermes и како што е наведено на нивната веб-страница: „Кога брендовите соработуваат, тие ги испреплетуваат своите филозофии, дела и акценти. Логото се менува тука, боите на брендот таму. На крајот, што останува од почетниот производ? Оваа приказна со Birkenstock, сепак, не е соработка, повеќе би можеле да ја наречеме транспродукција “.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement