Исклучително удобни, сестрани и практични, популарните мокасини веќе некое време се на тронот на популарноста, што не е ни чудо, бидејќи тие се брилијантна алтернатива за сите оние кои не се многу ентузијасти за патиките во категоријата рамни чевли.
Мокасините се омилениот моден избор на познатите убавици како Хејли Бибер, Кендал Џенер, Бела Хадид, Тејлор Свифт и Кејти Холмс која е дефинитивно меѓу нив, според многумина некрунисаната кралица на уличниот стил, која во своите лежерни модни комбинации вклучува мокасини.

Удобни и шик, ѕвездата на „Dawson’s Creek“ стилски ги носи со фустани, фармерки, лежерни панталони.
Таа ги носеше со фармерки и предимензиониран џемпер, а само неколку дена претходно ги стилизираше со шорцеви и зелена ватирана јакна. Познатата бринета ја видовме во овој модел во комбинација со долг црн капут и фармерки, како и со кул беж ролка и црни панталони до глужд.

Разновидноста на мокасините и нивната можност за носење во текот на целата година е она што ги прави неопходни за љубителите на модата бидејќи веднаш го издигнуваат секој изглед.
Тејлор Свифт исто така сака вакви модели, па ја видовме во мокасини потпишани од Louboutin на почетокот на нејзината спектакуларна турнеја Eras.
Ако не сте склони кон тренди парчиња, избегнувајте робусни модели со подебел ѓон, но мокасините што ги сака Кејти се безвременски кои никогаш нема да излезат од мода, па слободно инвестирајте во вакви варијанти бидејќи ќе ги носите со години.
