Амал Клуни (42), сопруга на Џорџ Клуни, има рафинирано чувство за мода и тоа го докажува со секое ново појавување. Нејзините комбинации на облека честопати се оценуваат како чиста десетка, па не е изненадувачки што таа е инспирација за жените ширум светот.

Нејзиниот стил е класичен и женствен. Таа секогаш е облечена со вистинската мерка на елеганција и гламур.
Освен со својата убавина и совршени комбинации, фасцинира и со своето образование. Течно зборува англиски, арапски и француски јазик.

Таа била предавач на престижни училишта како што е Универзитетот во Лондон, а во моментов е гостин предавач на Правниот факултет во Колумбија.
Таа дефинитивно е жена на која треба да ѝ се угледаме.

Доколку ви треба инспирација за одличен деловен стил, погледнете во галеријата и сигурно ќе најдете нешто што ќе ви се допадне. Ако копирате дел од нејзиниот стајлинг сигурно ќе добиете многу комплименти.








