Таа едноставно не може да згреши кога е модата во прашање.
Шпанското кралско семејство летува на Балеарските острови, поточно во градот Палма. Кралицата Летиција и нејзиниот сопруг кралот Филип Шести, покрај деловните обврски, наоѓаат време и за приватни работи, како семејни прошетки и вечери.
Токму во тие моменти беше „фатена“ кралицата Летиција, и тоа во облека на која никој не можеше да остане рамнодушен. Овој пат таа се појави во лелеавен, краток бело-розов фустан со многу интересен и впечатлив принт.
Кралицата носеше розови еспадрили со врвка кои одлично ги истакнаа нејзините извајани исончани нозе.

Од модните додатоци кралицата Летиција донесе бела и розова чанта која одлично ја придружуваше целата комбинација и златни обетки. Покрај прекрасниот летен стајлинг, невозможно е да не се забележи и фигурата на кралицата Летиција, која се чини дека секоја година станува се подобра.
