Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кралицата Елизабета Втора беше и модна икона: Ќе остане запаметена по нејзините светли бои и елегантни комбинации…

Нејзиниот стил секогаш бил беспрекорен.

Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот 8-ми септември на 96-годишна возраст, а на кралскиот трон беше седум децении. Покрај тоа што е запаметена како монарх со најдолго владеење во Британија, постои уште една работа по која ќе остане запаметена кралицата Елизабета, а тоа е нејзиниот стил.

Стилот на кралицата Елизабета често ја одразуваше состојбата на нацијата. На пример, нејзината венчаница, дизајнирана од Норман Хартнел, била направена од сатен купен со ваучери, што било типично за невестите од тоа време.

Подоцна, кралицата дискретно комуницирала со јавноста преку нејзината облека, бидејќи дипломатски ги бирала боите на парчињата облека и соодветниот накит.

Основата на нејзината гардероба беа основните парчиња кои беа константа за време на нејзиното владеење: црни „перачки“ чанти, салонки и колекција брошеви што ги носеше на бројни кралски прошетки, државни посети и многу средби со најголемите светски функционери.

Она што исто така беше во фокусот кога станува збор за нејзината облека беше нејзината љубов кон светлите бои, кои секогаш ќе ја издвојат во толпата.

Кога станува збор за модните додатоци, странските медиуми пишуваа дека чантата за неа наводно била повеќе од моден детаљ. Имено, чантите на кралицата служеле како механизам со кој таа им ги сигнализирала своите желби на луѓето кои и служеле.

Така, преместувањето на чантата од едната рака на другата значело дека таа е подготвена да го заврши разговорот, додека торбата на масата за време на вечерата би означувала дека сака оброкот да заврши.Погледнете неколку фотографии од кралицата :

По 70 години на тронот, луѓето забележаа многу детали за модните преференции на кралицата Елизабета. Една тема што често се појавува меѓу обожавателите е нејзиниот накит – конкретно, бисерните ѓердани што секогаш ги носи.

Излегува дека има добра причина за омилениот моден детал на кралицата – носењето бисери е семејна традиција стотици години.

  • Бисерите се традиционален накит за кралиците во Британија повеќе од илјада години и никогаш немало кралица која не носела бисери. Порано важеа за ретки, убави, сјајни и колку повеќе ги носите, толку стануваат посјајни – објаснила Лесли Филд, која ја напишала книгата „The Queen’s Jewels“.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement