Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Костумите за новиот филм за Били Холидеј се дизајнирани ни помалку ни повеќе од – Прада!

Предлогот за соработка дојде од Ана Винтур

Hulu го претстави новиот биографски филм за Били Холидеј – The United States vs. Billie Holiday чија премиера се очекува на 26 февруари. Скоро 50 години од филмот Lady Sings the Blues во која главната улога ја толкуваше легендарната Дијана Рос, под палката на режисерот Ли Даниелс, познат по филмот Precious, ја раскажува приказната за џез-иконата каде обожователите, во тој период, ѝ се восхитуваат на нејзиниот уникатен глас, а во текот на кариерата била малтретирана кога одлучила да се бори против расизмот во Америка, и сето тоа, ќе биде раскажано од нов агол. Честа да ја толкува улогата во новиот филм за Били, ѝ припадна на младата пејачка на Р’н’Б, Андри Деј.

Во новиот филм се зборува за извонредниот живот на музикалната дива, зависник и активист, која била пред своето време. Живеела бескомпромисно, се облекувала како успешна жена како што ѝ била, за тоа се погрижиле дизајнерите кои ѝ шиеле блескава облека, која станала популарна неколку децении подоцна. Таа започнала да носи гарденија, што стана нејзин заштитен знак. Дизајнирањето на костуми кои би помогнале во отелотворување на сложениот лик на Били Холидеј, да се држат до историските факти, но истовремено да остават силен впечаток на висока мода, не била лесна задача, па затоа Ана Винтур скокна да му помогне на режисерот и ја предложи Прада.

Тимот на Прада дизајнираше девет костуми, а дизајнерот на костуми Паоло Ниду соработувал со нив пребарувајќи ги архивите на Прада. Бидејќи колекциите на Прада честопати беа инспирирани од 40-тите и 50-тите години на минатиот век, тие имаа богат материјал од кој може да инспирираат, па затоа комбинираа елементи од различни колекции, но се однесуваа на вистински, документирани алишта на Били.

Со нетрпение го очекуваме филмот и гледаме краток вовед од она што можеме да го очекуваме во трејлерот.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement