Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Комбинезоните СЕ ХИТ НА ПРОЛЕТТА: Оваа сезона во тренд се моделите кои се истовремено модерни и удобни

Ако сте од оние кои за кратко време сакаат да имаат шик комбинација на гардероба, тогаш комбинезоните се идеални за вас.

Комбинезоните се удобни и лесни, прават да се чувствувате енергично, а поради нивната практичност и естетика што ја нудат, инспирираа многу познати личности Луси Хејл, Лили Олдриџ, Наоми Вотс, Хајди Клум, Бела Торн, Стела Максвел, Клои Кардашијан, Кети Пери..

Пејачката Ријана отсекогаш била љубител на комбинезони, може да се каже дека и е омилената гардероба која секогаш ја збогатувала со интересни детали од накитот. И сега кога е бремена често носи комбинезони, но на сосема поинаков начин. Имено, откако се дозна дека е бремена, таа постојано гордо го истакнува голиот стомак, како што беше неодамна во Лос Анџелес, кога го спушти горниот дел од црниот комбинезон под стомакот.

Ако и вие уживате во слободата на движење, без разлика дали сте на работа или вечерно излегување, комбинезонот е идеален за вас, а кога се во прашање дезените, има многу комбинации, од монохроматски, светли или темни бои, до цветни. или риги…
Дневните комбинации се идеални со балетанки, влечки, сандали или патики, а вечерните комбинезони одлично се вклопуваат со потпетици. Кратка јакна или полежерна јакна е секогаш прилагодлива на комбинезони.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement