Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кога аеродромот станува модна писта: Еволуцијата на џет-сет стилот од Одри Хепберн до Анџелина Џоли

Појавата на широко распространето патување со авион во текот на педесеттите и шеесеттите години на минатиот век, создаде совршени услови за прикажување модерни стилови на облека што го дефинирале првобитниот односно оригиналниот изглед на џет-сетот.

Бидејќи патувањата со авион првично било резервирано само за елитната класа поради високите цени, џет-сетерите ја искористиле ова можност и токму тогаш ја носеле гардеробата на најексклузивните модни дизајнери како Андре Куреж, Пјер Кардин, Пјер Балмејн и други.

Во оваа ера, популаризирани се луксузните и приватните одморалишта, каде што гостите станале значајни јавни личности. Феноменот на папараци, исто така, се разви во тој период и се однесуваше на десетици фотографи кои ги придружувале важните жени од општеството од аеродромот до нивните ексклузивни одморалишта.

Стилските икони на оваа гламурозна декада се актерките како Одри Хепберн, Рита Хејворт, Ава Гарднер… Во текот на педесеттите години, изгледот застапен од модната куќа Кристијан Диор имаше големо влијание врз стилот на членовите на џет-сетот. Иако претерано истакната силуета од овој агол може да изгледа непрактично, целосното здолниште и елегантната чанта беа незаменлив дел од шик модните изданија на тогаш славните дами.

Кон средината на 60-тите години од минатио век, натпреварот во модата е споредлив со вселенската трка помеѓу САД и СССР, патувањата со авион станале сè повеќе футуристички под вакви околности. Со дизајнерите како Пако Рабан и Пјер Кардин, кои создадоа понапредна и елегантна облека, дамите почнале да одлучуваат за синтетички материјали и нешто поинакви форми, напуштајќи го дотогашниот нескриен гламур. Во одделот за модни додатоци, омилени во тоа време биле чизмите до колена, карирани чанти со рачка и тркалезни очила за сонце, што безбедно се штителе од светлосните блицеви на папараците.

Влегувајќи во 1970-тите, меѓународната нафтена криза го намали бројот на авионски патувања. Ѕвездите од тоа време – Бјанка Џегер, Фара Фавсет, Џејн Биркин – се одлучиле за нешто порелаксирана форма и таканаречени „ослободени“ стилови, кои станале синоним на деценијата, познати по големата слобода и удобност.

Во следните децении, индустријата даде приоритет на повеќе носливи и секојдневни стилови, а имињата што се истакнуваат во наредните децении се Келвин Клајн и Дона Каран. Деновите на сложени фустани и дамски ракавици се минато. Соодветните комбинации од два дела стануваат омилени, бидејќи обезбедуваат релевантна форма и крајна удобност. И покрај оваа промена кон пообична лежарна конфекција, акцентот сепак бил ставен на луксузните и шарени додатоци, особено багажот на Луј Витон во сите облици и големини.

Модерниот стил на џет-сетот претежно сè уште вклучува лежерни сетови. Иако пандемијата го намали бројот на меѓународни патувања, облеката на познатите личности при пристигнување и одење на светските аеродроми сè уште е во фокусот на социјалните медиуми и модните портали. За оние кои сакаат да го подобрат своето секојдневно носење, преголемите блузи во форма на палта, јакни и блејзери и понатака се опција.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
betcio   betcio   betcio   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   betgaranti   spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom