Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ким конечно проговори за скандалот Balenciaga: „Ме потресоа вознемирувачките слики“…

Една од најпознатите ријалити ѕвезди и моден претприемач по четири дена се огласи за контроверзната кампања на познатиот бренд.

Ким Кардашијан проговори за контроверзната кампања на Balenciaga, за која самиот луксузен бренд се извини, откако беше навремено повлечена.Реалити ѕвездата и самата е сопственичка на бренд за долна облека, а често соработувала со Balenciaga, исто како и нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест,со кого беше прекината соработката поради сопствените контроверзии.

По неколку дена оваа 42-годишна ријалити ѕвезда ја најави празничната кампања на која се прикажани две мали девојчиња кои држат плишани мечиња облечени во кошули со мрежа и кожни ремени, што многумина го протолкуваа како симбол на фетишот на BDSM.

„Бев тивка последните неколку дена, не затоа што не бев згрозена и лута поради неодамнешните кампањи на Balenciaga, туку затоа што сакав шанса да разговарам со нив за да разберам како тоа може да се случи“, напиша Ким на својот Твитер.

„Како мајка на четири деца, јас сум потресена од вознемирувачките слики. Безбедноста на децата мора да се има највисоко почитување, а секој обид за нормализирање на каква било форма на злоупотреба на деца не треба да има место во нашето општество – “, продолжи Кардашијан.

„Ценам што Balenciaga ги отстрани кампањите и се извини. Во разговорите со нив, ми се чини дека ја разбираат сериозноста на темата и дека ќе ги преземат неопходните мерки за да се осигураат дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори“, напиша Ким К. изјава која ја сподели и на Инста.Една од најголемите светски инфлуенсери ја заврши објавата со зборовите дека „го преиспитува нејзиниот однос со брендот“.

Она што уште повеќе ја згрози јавноста е кампањата за соработката на Balenciaga со Аdidas, во која манекенките позираа во канцеларија каде што беа расфрлани документи, книги, а на ѕидовите имаше слики. Нетизените забележаа дека една од фотографиите вклучува страница од пресудата на Врховниот суд на САД од 2008 година (Соединетите Американски Држави против Вилијамс) која ја потврди промоцијата или рекламирањето на детска порнографија како федерално кривично дело кое не е заштитено со слободата на говорот.

Уште една кампања на Balenciaga која излезе во изминатиот период има контроверзни моменти, станува збор за пролетната колекција Garde-Robe за која позираа актерките Никол Кидман и Изабел Ипер. Фотографиите се направени и во канцеларијата на Менхетен заедно со бројни книги од Мајкл Боремин, чии дела прикажуваат голи деца и возрасни кои учествуваат во акти на насилство и канибализам. Исто така, на една од фотографиите на ѕидот виси врамена диплома за Џон Филип Фишер, кој во 2018 година беше осуден за злоупотреба на својата внука, според локалниот весник од Мичиген.Balenciaga ја повлече кампањата со плишани мечиња, а брендот се извини за се на мрежите.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement