Откако создаде мултимилионски бизнис со брендот Skims и стана милијардерка, Ким Кардашијан наскоро ќе додаде уште една категорија во својата империја, со лансирање на нов бренд за убавина – SKKN.
Линијата за нега на кожа ќе им се придружи на брендовите за долна облека SKIMS и парфемите KKW Fragrance. Компанијата Coty Inc. купи 20% од акциите на KKW Beauty со договор од 200 милиони долари, што резултираше со повторно лансирање што го префрли фокусот од козметика на нега на кожата. Нема сомнеж дека ќе има конкуренција меѓу Ким Кардашијан и Кајли Џенер, која исто така води моќен бизнис за нега на кожа со слично име – Kylie Skin.
Ким Кардашијан го планирала овој потег од август 2021 година. Кога реалити ѕвездата стана претприемач, таа објави дека ќе го паузира KKW Beauty заради „целосно нов бренд со нови формули кои се помодерни, иновативни и одржливи“. Coty поседува и дел од Kylie Cosmetics, брендот Kylie Skin.
Извршниот директор на компанијата додаде: „Се фокусираме на нега на кожата. Навистина сакавме да создадеме нешто врвно во однос на квалитетот и состојките. Затоа се фокусираме ова да биде огромен успех, а за другите категории ќе видиме подоцна“.
Business of Fashion известува дека линијата ќе биде претставена на јавноста помеѓу април и 30 јуни.

